Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“. Ова рочиште доаѓа по писмото што првообвинетитот Бојан Јовановски го испрати до претсдателот на Кривичниот Иван Џолев и до судијката Софче Гаврилова Ефремова во кое бара да му биде вратен мобилниот телефон како и тоа да се дозволи во судот да се појават Зоран Заев како и неколку поранешни функционери на СДСМ.
Не барам мене да ме браните, барам поддршка за вистината, одговорност за вистинските криминалци, крај на корумпираното и исполитизирано судство под палката на зоран заев или пак било кој друг следен политичар-напиша Боки во повикот за денешното рочиште.
Comments are closed for this post.