Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“. На претходните расправи првообвинетиот Бојан Јовановски бараше изземање на судијката Софче Ефремова Гаврилова.

Боки и неговиот тим смета дека Гаврилова не може да го суди овој случај поради пристраност и веќе изградено мислење бидејќи беше дел од судечкиот совет во случајот „Рекет“ во кој исто така првообвинет беше Јовановски.

Тој исто така најави и кривични пријави за судијките Ефремова и Васка Николоска.