Брачната двојка Богољуб (97) и Марија Едит (104) Јокшиќ, кои живееле во селото Доња Врбава, недалеку од Горњи Милановац, починале минатата недела со разлика од девет часа, а пред да умрат Богољуб изговорил реченица со кој се навестувало што ќе се случи.

Најпрвин Богољуб починал во сон, нешто по два часот по полноќ, а неговата сопруга околу 11 часот следното утро. Снаата на Богољуб за Телеграф.рс вели дека најчудно од се е што дедото ја претчувствувал и својата и смртта на сопругата.

– Богољуб чувствуваше дека тој и Марија ќе умрат. „Јас ќе го направам тоа вечерва, а таа ќе го направи тоа утре“. Така и  беше. Кога тој почина, ниту таа не се разбуди. Тие беа од витални, таа сама готвеше ручек до пред четири месеци, а Богољуб дури и самиот се возеше до пред три-четири години – објаснува внуката на Богољуб, Весна Гојковиќ, која цел живот го поминала грижејќи се за нив.

Се запознале во Германија, каде Богољуб отишол на печалба во шеесетите години на минатиот век, ја запознал Марија, љубовта се разгорела, се венчале, иако и двајцата пред тоа имале по еден брак.

– Богољуб работеше како професор по српски јазик во Германија, а Марија беше костимограф во театарот. Тие доживеаја длабока старост. Таа почина на 104, а тој на 98 години. Тој починал во 02:15 часот, а таа во 11:20 часот. Цело време беа заедно, немаа деца, но беа врзани еден за друг. Одеа секаде заедно. Последниот месец и половина го поминаа во кревет –  ја раскажува Весна нивната љубовна приказна.