По приведувањето на Бојан Јовановски и Зоран Милески и прес-конференцијата обвинителката Вилма Рускоска на социјалните мрежи се огласи поранешниот пратеник, Павле Богоевски.

Јовановски и Милески се осомничени дека од осомничен барале осум милиони евра за да влијаат кај обвинител за прекин на истрага, а Богоевски истакна дека недостасуваат одговори на неколку прашања.

„Прашања кои треба да бидат одговорени по пресот на ОЈО:

1. Дали Обвинителот на кого осомничените наводно се обиделе (или успеале) да му/и вршат влијание го пријавил случајот по службена должност?

2. Јавниот обвинител одговори дека предистражната постапка е започната по кривична пријава во мај годинава. Дали пријавата е поднесена од органите на прогонот, или од оштетениот?

3. Дали матерјалните докази се обезбедени од органите на прогонот, или од оштетениот?, т.е. Дали органите на прогонот сами го изготвиле предметот, или биле доведени пред свршен чин, во очи на веќе обезбедени докази и ризик истите да излезат во јавност во случај на нивно непостапување?

Одговорност за сите, вклучувајќи ги и оние кои лажеа дека ја делеле нашата борба!“ – напиша Богоевски на фејсбук.

Прашања кои треба да бидат одговорени по пресот на ОЈО:

1. Дали Обвинителот на кого осомничените наводно се обиделе…

Posted by Pavle Bogoevski on Monday, July 15, 2019