Пратеникот Павле Богоевски ги повика надлежните да го испитаат неговиот случај но и на тие кои го снимале. Тој вели дека со неговата оставка ќе покаже пример дека етиката и моралот ќе бидат над желбата за функција.

Ќе си ја гушнам одговорноста и ќе си поднесам оставка, моралните и етичките но и правосудните. Никогаш не сум бегал од нив-рече пратеникот.

Тој им порача на колегите од неговата пратеничка група да останат верни на принципите кои што ги обединиле иако знае дека политиката е валкана игра.

Според него, веќе не е прашање дали тој има легитимитет да ја води комисијата која ќе му го одземе мандатот на Груевски туку дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покажа морал и етика  и ќе глсааат за предлогот за поранешниот премиер.