Обидот на Груби да ја префрли вината за фијаското на комисијата се проѕирна лага и очаен обид за контрола на штетата која е нанесена врз нивната партија, вели Павле Богоевски.

Тој тврди дека три пати се обидел да ја добие колешката од ДУИ, Мирсада Емини Асани и плус и пратил порака но оти таа му го спуштила телефонот а пак третиот пат крена и 12 секунди молчела пред да ја прекине врската.

Оттогаш јас престанав да се обидувам да ја добијам.Пред почнување на седницата јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту пак дека по неа е испратено возило. Единтвено полошо од тоа Комисијата да нема став е да нема кворум да гласа.