Во рамки на карванот „Рамо до рамо до победа“ на средби со граѓаните во општина Карпош денеска беа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и Роберт Бекировски. На маалската средба со карпошани Богоев порача дека е време за финална победа за иднината на земјава, пред се заради доброто на идните генерации.
– Ние, сегашните генерации сме сега должни да одиграме клучна улога и да го направиме финалниот чекор за да ја обезбедиме европската иднина на нашата татковина. Имаме историска шанса која што мора да ја искористиме. Стремежот е европско образование тука, европски можности и вредности на слобода, демократија, правичност и правда тука, во нашата Македонија. Затоа, ова е битка за иднината, за стабилност, за мир, за просперитет и економски напредок. Борба за правда, подобро образование, организирано здравство, повисоки плати и пензии, поубав живот за сите. Ова е борба за младите. Сега е време за финална победа за нашата иднина, рече Богоев.
Според него, изборот на сите политички партии е помеѓу европска иднина и враќање назад, ЕУ или изолација, додаде тој.
– Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација. Европски блок за европска иднина или антиевропски блок за изолација. Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил: ЕУ или Левица?, рече Богоев.
Comments are closed for this post.