ВМРО-ДПМНЕ вчера му постави ултиматум на премиерот Зоран Заев до вечерта да одговори какви тајни преговори се воделе викендов во Софија, а во спротивно најави блокади на Скопје.

Ќе се протестира од МНР до Владата од 12.30 до 14 часот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа рече дека живееме во историски моменти кога се одлучува за нашата иднина, кога понудените решнија отвораат поголми проблеми и претставуваат пречка за иднината. Тој повика на масовност на денешниот натпартиски протест.

Ве молам имајте разбирање за сето ова кое што денеска го правиме затоа што ако денеска не успееме се плашам дека некои идни генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направи Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат. А до политичарите, сакам една порака да упатам. Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада која што ќе биде Влада на единство, истото тоа парче хартија нема намера да го почитува, рече Мицкоски.