Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот Фејсбук профил ја потврди веста која утрово се појави на медиумите на албански јазик, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја.

Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, интелектуалците само пишуваат за историјата, пишува професорот Река во својот профил.

Инаку, како што јавува весникот “Коха“, професорот Река, се очекува да ја добие поддршката на Алијанса за Албанците и на Движењето Беса.