По наредба од судија на предходна постапка од Основен суд Битола, денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола извршиле претрес во домот на битолчанецот Д. Г. (34), поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи” од Кривичниот Закон.
Како што соопшти МВР, при претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, 72 парчиња ловна муниција, еден куршум калибар 7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.
За настанот е известен надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола
Comments are closed for this post.