Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

Мицкоски повтори дека останува на ставот, Заев да ја избере телевизијата, времето и местото каде сака да зборуваат отворено.

-И додека глумат сопатници, браќа и сестри, европејци и кога ќе ги повикаме како маж со маж да се соочиме пред вас и пред оние дома и пред македонската јавност и тие нека судат и пресудуваат и за жицата и за тендерите и за лагите и за предавствата и за капитулациите и за криминалот и за ветувањата кои што не се исполнети и за очекувањата кои што не се реализирани. Ќе речат не ние сега нема да полемизираме со опозицијата, зошто, затоа што ни е страв, ние сме јаки од внатре и со маските на глава, а да се покажеме никаде не нема. Бирај и место и водител и време, пред Нова година јас и ти тет а тет да зборуваме отворено, му порача Мицкоски.

Премиерот веќе се изјасни дека ќе прифати соочување само кога Мицкоски ќе каже дали е за ЕУ и НАТО.