Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милеска од денеска ќе ја предводи новата пратеничка група во Собранието на РМ именувана како Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија„.

Во неа ќе членуваат поранешните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и на Социјалистичката партија, кои гласаа за почеток на постапката за уставни промени, согласно Договорот со Грција.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за ова, на денешната координација, ги информирал  координаторите на пратеничките групи. Тој информацијата за ова го добил во петокот попладнето.