Се доведува во прашање европската иднина на земјата. Сегашната Влада преку своите лоши политики ја одалечи земјата од евентуалното членство во Европската унија, обвинуваат од Движењето БЕСА.

Скандалозниот случај „Рекет” сериозно му наштети на кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, нерешените случаи со владини претставници кои беа слушнати во некои аудиоснимки, и неуспехот да се добие покана за почеток на преговорите со ЕУ пред овие последователни скандали, дефинитвино укажува на слабостите на парламентарното мнозинство, што докажува дека ова власт нема капацитет но и политички кредибилитет да ја води оваа земја“, велат од Движењето БЕСА кое го предводи Билал Касами.

Движењето Беса има многу забелешки за како што велат од таму не спроведувањето на договорот со Владата за време на уставните измени, како и предлог-законот за јавното обвинителство и предложениот закон за попис на населението.

Подготвени сме да дадеме свој придонес за да го отклучиме реформскиот процес, но за возврат од Владата бараме да го утврди датумот на предвремени парламентарни избори, а до тој датум подготвени сме да седнеме и да ги обезбедиме најдобрите решенија што ќе бидат во согласност со препораките на Европската комисија“,наведуваат од БЕСА.

Тие се убедени дека отктомври нема да донесе ништо ново.

Овој месец е само купување време од страна на актуелната влада и ние како опозициска партија сакаме да и сопштиме на јавноста дека сме спремни да пружиме рака за соработка со парламентарното мнозинство со цел да се договориме за да се утврди датумот за предвремени парламентарни избори, а се до нивно спроведување, Владата да го спроведе договорот за уставни измени, да го донесеме законот за јавното обвинителство и да се прифати решение за пописот со што пописот на населението да е само од статистички од карактер додека политичките права на етничките заедници се регулирани преку Регистарот за електронско управување во рамките на Министерството за информатика и јавна администрација“, додаваат од Движењето БЕСА.