Движењето БЕСА на Билал Касами изразува загриженост за исчезнатите лица, чии семејства постојано бараат помош.

„Според семејните извештаи, во последниве денови имало докази за исчезнување на три лица и смрт на најмалку четири други лица. Раширените исчезнувања и смртни случаи во Северна Македонија се претвараат во вообичаена рутина преку пренесување на порака за тоа колку е залуден животот на човекот. Доволно е да имате судски спор дека еден ден сте во затвор и потоа да бидете следната жртва, исто како што тоа го правеа со многуте смртни случаи во затворите во Северна Македонија без да се даде вистинско објаснување. Сета оваа социјална трагедија поминува во целосна тишина, без да го добие соодветното внимание на медиумите.“, се велии во партиското соопшение.

Од Движењето БЕСА барат Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски сериозно да се справи со овој проблем и да ја информира јавноста за тоа што се случува и кои се мотивите за такви исчезнувања и смртни случаи?

„Навремениот одговор на надлежните органи би го спречил зголемувањето на бројот на потенцијални жртви. Бидејќи човечкиот живот е по скапоцен од било што друго, апелираме до медиумите и граѓанското општество да го кренат гласот“, додаваат од партијата на Касами.