Адвокатскиот тим на Миле Јанакиески го испрати барањето за спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за случајот  „Титаник“. Ова се прави со цел тој да не оди на издржување на затворската казна.

Барањето е испратено до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Во образложението, адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов наведува дека не во спротивност со Уставот и Кривичниот законик и дека против поранешниот министер за транспорт се покренати девет кривични предмети а само еден правосилно завршен познат во јавноста како „Насилство во Центар“. Останатите предмети пак  се во жалбена постапка.

Сметаме е неспорен факт дека постојат правосилни и извршени решенија за определување мерка притвор и куќен притвор кои се извршени во однос на обвинетиот кои се донесени од Основниот Кривичен суд-се наведува во барањето.