На 25.02.2019 околу 12.20 часот во Полициската станица Гостивар, 22-годишна жителка на гостиварско село пријавила дека нејзиното поранешно момче Б.Д.(22) од Гостивар во повеќе наврати и барало пари, уценувајќи ја дека ако не му даде пари и златен накит на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии со компромитирачка содржина. Б.Д. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти денеска МВР.