По одлуката на Европскиот Парламент да ја казни Унгарија поради доделениот азил за Никола Груевски, со писмо за подршка за Унгарија и нејзиниот Премиер, Виктор Орбан, се огласија група американски конгресмени.

Предводник на таа иницијатива е конгресменот од Мериленд, Енди Херис, кој истакнува дека со азилот за Груевски, Унгарија ги искористила своите права на суверенитет и национален идентитет, притоа потсетувајќи дека владата на Орбан е демократски избрана со силен мандат даден од унгарскиот народ.