Аосцијацијата на специјализанти и млади лекари реагира по објавата од Министерството за здравство дека министерот Венко Филипче е во преговори со претставници на млади лекари за ангажман.
Како лекар и како министер најмалку што можете е да се изборите да имаат здравствено и социјално осигурување, плата и додатоци за дежурство. Се друго е само експлоатација и жртвување на младите колеги.
Доста е веќе е бесплатна и ризична работа, велат од АСМЛ.
Од Министерството денеска соопштија дека министерот утрово се сретнал со триесетина млади лекари кои се на приватна специјализација на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника кои сакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид центрите на овие клиники.
Како министер за здравство и како лекар ценам што покажавте желба и спремност да се влучите во работата во ковид центрите сега кога за тоа има голема потреба. Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето и тоа е за почит – рече министерот Филипче. Во тек на денот ќе се направи распоред за ротација на сите млади лекари и ќе бидат вклучени во работата во ковид центрите.
Министерот потоа оствари средба и со претставници на млади лиценцирани лекари со кои исто разговараше за нивен ангажман во здравствените установи низ цела држава. До крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во ковид одделенијата и болниците низ државата.
Comments are closed for this post.