Одредени портали пред неколку дена објавија фотографија од Конгрес на СДСМ во 2005-та година. На фотографијата тврдеа дека се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој како што пишуваа бил поканет како претсавник од Социјалистичка партија.

Но по објавувањето на текстот, медиумот го контактирал член на СДСМ, Петар Здравковски кој рекол дека на фотографијата е тој, а не лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Здравковски фотографијата од Конгресот ја споеделил и на својот фејсбук профил.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски споделувајќи го и текстот и фотографиите објавени  кај членот на СДСМ, го прашува премиерот Зоран Заев, дали ова е борбата против лажни вести.