Втор ден Зоран Заев молчи и не и кажува на јавноста што го советува неговиот советник Андреј Манев за 40.000 денари месечен надомест? Втор ден Зоран Заев молчи и не кажува на граѓаните дали Андреј Манев е гонет кривично за дела поврзани токму со градежништвото и урбанизмот, практично секторот за кој што му е советник на актуелниот премиер Зоран Заев?, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев треба да каже на граѓаните дали против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение? Зоран Заев треба исто така да каже дали неговиот советник и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување?“, прашува Арсовски.

Според него да го советуваат Заев експерти, Владата и државата ќе цвета, ама како што потенцираше затоа што го советуваат криминалци, затоа и е таква оваа Влада на СДСМ.

„Обично народот вели со кој си таков си, а Заев околу него е опкружен со советници со сомнителен криминал Да потсетиме дека сопругата на Манев е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори.  Зоран Заев е единствениот премиер кој има советници кои што се гонети кривично и нема намера да ги смени, а ги плаќа со народни пари“, рече Арсовски.