Се тресеше гората во СДСМ, се роди глушец. Цел еден месец Зоран Заев, СДСМ и сите нивни сателити ги малтретираа граѓаните дека СДСМ ќе го зафаќала метлата, ќе го реформирале, а всушност деспотот Заев си го реизбра истиот Извршен одбор. Старо-новиот извршен одбор на Зоран Заев во СДСМ од 16 назначени членови, 10 се истите од претходниот пат, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

Очигледно е дека Зоран Заев во овој театар кој им го приреди на членовите наместо метла, одговорност и реформи, направи простор за да си ја зацврсти позицијата претседател на партијата односно да не биде сменет за сите погрешни политики коишто ги води и одговорноста којашто ја бара членството од него. Во глобала, се е исто во СДСМ само Кирацовски го нема. На местото на Кирацовски назначен е најнеспособниот министер за земјоделие кој изминативе две години плукна на маката на земјоделците.“

Според Арсовски во старо-новиот Извршен одбор на СДСМ останаа и најнеуспешните градоначалници како што се Петре Шилегов, Благој Бочварски и Стефан Богоев, градоначалници кои со прст немаат мрднато изминативе година ипол за нивните општини и за граѓаните коишто живеат во нив.

Всушност затоа и тројцата ја губат поддршката од граѓаните, а тоа се виде и на последните избори каде што добија огромен шамар од граѓаните и им се намали поддршката и довербата.“

Според него во Извршен одбор го оставил и најнеспособниот министер за финансии во историјата на Република Македонија.

Тоа е Драган Тевдовски, кој ги подготви најголемите буџети во историјата, ги крена даноците и акцизите, ги осиромаши граѓаните, потроши 10 милијарди евра за 2 години, а нема ниту еден единствен проект и резултат којшто можат да го видат и да имаат било каков бенефит граѓаните од него. Тука се и Фросина Ременски која е единствената пратеничка која подготвува закони за да може нејзиниот маж да исполни критериуми за одредени позиции, а Заев за своето неработење ја награди и Рената Дескоска, актуелната министерка за правда, која претходно го унакази образованието, а сега сака да му одработи закон со којшто подоцна ќе се заштити самото СДСМ и Зоран Заев од понатамошни гонења. Есра Салихи, Ѓоко Танасковски, Кети Василевска, Нина Велкова, Коста Костадинов се истите луѓе кои и претходно беа во Извршниот одбор на СДСМ и раководеа со СДСМ.“, рече Арсовски.

Како што вели Арсовски после овој театар којшто го подготви и каде што ги остави само неговите лојални војници во рамките на органите на партијата, јасно е дека се подготвува и му следи пораз на наредните избори.

Ќе биде поразен на наредните избори кога и да се случат“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.