Владата на СДСМ, конечно можат да се пофалат дека се лидери во нешто. За жал Владата на СДСМ ја направи Република Македонија лидер на Балканот и во Европа во корупција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по најновиот извештај на Транспаренси интернешнл.
Она што ги загрижува граѓаните на Република Македонија е тоа што со должна почит кон следниве држави што ќе ги набројам, но морам да истакнам дека пред нас подобро се справуваат со корупцијата и се подобри од нас држави од типот на Свазиленд, Лесото, Буркина Фасо, Намибија, Руанда и многу други афрички држави. Пак ќе кажам, со должна почит кон овие афрички држави, но Зоран Заев ја спушти Република Македонија пониско и од нивото на Африка.За жал со ова гледаме дека Македонија не е само најкорумпирана во Европа, туку е и меѓу најкорумпираните држави во Африка, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој истакна дека нема тендер, а да не го добие некој од СДСМ или некој од фамилијата на Зоран Заев.
Криминални иновации, криминални и крвави тендери, концесии за марихуани, тендери на вицепремиери, вакцини со поминат рок, набавка на бифтеци и луксузни возила, прислушување на обвинители и судии и многу други афери што граѓаните секојдневно ги гледаат. Затоа, заради овој неуспех на најнеспособната Влада во Република Македонија, која што ја води најнеспособниот премиер во историјата на Република Македонија, тоа е Зоран Заев, треба да прифати предвремени парламентарни избори и Зоран Заев да си даде оставка од функцијата за да отпочне процесот на формирање на техничка Влада и конечно да се случат предвремените парламентарни избори од кои што бега СДСМ, за да биде поразен заедно со СДСМ и испратен во историјата, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.