Пред само не цел месец Зоран Заев и СДСМ тврдеа дека ја примиле пораката од народот за целата корупција, криминал, матни зделки, непотизам и сите останати злоупотреби на власта. Наместо да се сменат и да ги сменат тие навики, по се изгледа СДСМ како за инат на граѓаните почнаа уште повеќе да крадат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нов скандал се случи после само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8-ми мај Град Скопје и Петре Шилегов доделиле тендер вреден 967.600 денари на фирмата на партнерот на министерката Царовска за изнајмување на опрема за висинско набљудување. Имено фирмата „Флај Кем“ на Горан Георгиевски за една година снимање со дронови ќе инкасира речиси еден милион. Георгиевски, невенчаниот сопруг на Царовска, освен овој милионски бизнис за летање дронови досега доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во моментов како што потенцираше тој има нова тендерска постапка распишана од скопскиот плански регион, во вредност од скоро 1 милион евра, каде што треба да се следи загадувањето на амбиенталниот воздух.

Веќе помеѓу фирмите кои вршат набавка на ваква опрема, кружат сомнежи дека и овој тендер се мести за невенчаниот сопруг на Мила Царовска. Дали и овој тендер ќе заврши токму во џебот на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?Повикуваме надлежните институции да го проверат овој скандалозен случај и соодветно да го санкционираат. Недозволиво е веќе по кој знае кој пат токму невенчаниот сопруг на Царовска да добива народни пари во крајно сомнителни околности и услови. Метлата мора да заигра што побрзо, ама од одозгора од самиот врв во Владата, почнувајќи од Зоран Заев“, рече Арсовски.