Со денешната прес конференција на Лидија Димова единствено позбунет од јавноста е самата Лидија Димова. Изгледаше збунето како да крие нешто. Наместо објаснувања и одговори, Лидија Димова ја искористи прес-конференцијата за да напаѓа адвокати, новинари и политички неистомисленици. Нормално, кога не сака вината да ја виде во себе и во своето работење ги напаѓа сите други. Ја уверувам Лидија Димова дека воопшто не сме разочарани што нема да даде оставка, што е и очекувано за нас како политичка партија, нормално е за толкави огромни сомнежи за проневера на пари да знаел и Заев кој патем ја штити Лидија Димова и го штити нејзиното директорско место. Во врска со грантовите на ВЕЗ Трејд правен субјект која се води како фризерница, Лидија Димова должи објаснување кои биле квалификациите на правниот субјект ВЕЗ трејд, патем фризерница е правниот субјект во 2018 за таа да добие грант во две комплетно различни области? Преку фризерница да се обучуваат луѓе за медиумска писменост е неверојатно. Во апликацијата клучно прашање е прашањето за професионална биографија на фирмата за кое нема одговор. Каква врска има фризерница со младинска работа и медиумска писменост? Во тој случај ако тоа е можно фризерница да добие грантови за медиумска писменост, зошто на пример постои Националната агенција како институција, за да ги доделува грантовите, зошто на пример истите грантовите не ги доделува некој правен субјекткој што не е за таа намена туку е ресторан? Дали квалификација за добивање на грантот се можеби кафанските седенки на Димова со сопственикот на ВЕЗ Трејд? Димова не одговори ни дали во исто време сопственикот на фризерницата ВЕЗ Трејд е и стручен соработник за хонорар и грантист на национална агенција? На пример која е дефиницијата за надворешен соработник според Лидија Димова? Не слушнавме ни одговор за документите и дописите на соработници на проекти дека активностите се сомнителни и има наводи за криминал. Практично, во самиот момент кога имало такви дописи, кога имало такви наводи требало веднаш да биде известено ЈО, во спротивно Лидија Димова доколку не го известила самата таа е соучесник и прикривале било какво сторено кривично или било какво дело кое што е против законско. Димова не одговори ни на нашите наводи од пред неколку месеци за возилата набавени во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби. Вработени во НА известуваа дека дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во ноќните часови.

На денешната прес-конференција немаше ниту одговори за кеш пари во износ од над 20.000 ЕВРА кои недостасуваат во благајната на НА. Постои изјава дека парите биле користени со знаење на Лидија Димова, а за нивно подигање бил користен нејзиниот факсимил. Она што застрашува е молкот на државните институции – Министерството за образование и наука, Финансиската полиција, МВР и Обвинителството кое што по обичај спие и не ги истражува сите сомнителни случаеви каде што Зоран Заев ги штити инволвираните. Исто така, на делување ги повикуваме Мисијата на ЕУ во Скопје и останатите амбасади на европските држави, сериозно да се заинтересираат за, се извинувам однапред што ќе го кажам овој жаргонски збор но, „магарешкото“ работење на политичари од страна на СДСМ и власта кои трошат европски пари. А, Лидија Димова дали ќе си даде оставка или не, тоа не е прашање кое што треба да биде поставено како дилема, туку треба уште веднаш да си оди и да си даде оставка, не смее ниту една минута повеќе да биде директор на таа позиција  а за тоа директно е одговорен и Зоран Заев кој треба да ја разреши затоа што таа институција не и оставена на Лидија Димова во наследство од мајка и и татко и, туку институција создадена и изградена од парите на граѓаните и даночните обврзници на Република Македонија. Затоа оставка треба да си даде веднаш, а не да отвора дилеми дали ќе си даде или нема да си даде оставка, бидејќи секој еден ден поминат во таа институција е простор да прикриват документи и да крие докази кои што може да бидат неопходни понатаму во било каква постапка која што ќе биде отворена.