Со секој изминат ден довербата во истрагата за случајот „Рекет“ и довербата во Вилма Русковска се се помали. Истрагата е целосно компромитирана. После денешната изјава на Вилма Русковска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, сите ги знаат кои се. После денешната изјава е јасно дека Вилма Русковска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики, и Фрики, и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко – медиумско – обвинителскиот рекет, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните. Да ја убедуваш јавноста дека сите фотографии, средби, меморандуми, сите состаноци и вечери на Боки 13 со функционерите на власта не постоеле или биле чиста случајност е срамно и недостојно за некој што треба да биде репрезент на правдата и да ја репрезентира правдата во Република Македонија.Срамно и просто неверојатно за никого, вели Арсовски.