Освен што АРМ помогна со поставување на шаторите во Куманово, денеска во кругот на поликлиника Букурешт министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за здравство, Венко Филипче, ќе присуствуваат на предавање на воено санитетски возила од Армијата кои времено ќе се користат во јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со епидемијата на корона вирусот во Македонија.

Вклучувањето на АРМ во борба против Ковид-19 го најави претседателот Стево Пендаровски по последната седница на Советот за национална безбедност, на кој присуствуваа и премиерот Зоран Заев, како и министерот за здравство, Венко Филипче.