Апелациониот суд денеска донесе одлука – поранешниот разузнавач Слободан Богоевски не ги наклеветил лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер, Муса Џафери, против кои сведочеше во случајот „Маѓар Телеком“.

Судот ја прифати жалбата на Богоевски и донесе одлука дека тужбата на Ахмети и на Џафери била недопуштена.

Слободан Богоевски, поранешен разузнавач, пред американскиот суд сведочеше дека тие се двајца од тројцата високи функционери кои зеле мито по два и пол милиони евра секој од нив, за да се одложи воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар.

Во пресудата пишува дека тужителите Ахмети и Џафери немаат право на отштета.