Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2“.

Притворот на Мијалков на 8 март му го одреди Кривичниот суд а по барање на СЈО. Тој истиот ден беше осуден на казна затвор од 3 години, на која има право исто така да се жали на Апелација.