Поранешната специјална јавна обвинителка, сега третоосомничена во случајот „Рекет“, Катица Јанева, останува во притвор, и официјално одлучи денеска Апелацискиот суд.

Иако Судот добил информација од Обвинителството дека истрагата е завршена, сепак апелациските судии се воделе до фактот што сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот, што Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредена поблага мерка. Поради завршената истрага и новите околности нејзините адвокати најавија дека ќе бараат одново Кривичниот суд да ја преиспитра одлуката и на Јанева да ѝ се одреди поблага мерка или куќен притвор.