Укината е пресудата од 9 години затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски за незаконска набавка на 300 возила за МВР и случајот е вратен на повторно судење, потврдуваат од Апелацискиот суд. Ваквата одлука на судот била донесена минатата недела.
Со укинување на пресудата за затворската казна се укинува и обврската Поповски да ја надомести штетата од 28 милиони денари наведена во предметот „Триста“.
Поповски е осуден дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки. Според пресудата која сега е укината, тој го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.
Пресудата од девет години затвор му ја изрече судијката Добрила Кацарска на крајот од мај.
Comments are closed for this post.