Пратеникот Димитар Апасиев од Левица вели дека еден момент и „промакна“ на јавноста, во случајот со пцостите и мобингот на спикерот Џафери кон собраниските стафери…

-Секогаш кога Џафери зборува со службеници-Албанци, им се обраќа на албански. Но, на снимката вреѓањето и понижувањето е на македонски јазик! Дали тоа значи дека силеџиите од ДУИ, во македонското собрание, спроведуваат антимакедонска агенда поддржана од претседателот, на омаловажување врз етничка и национална основа!?, прашува Апасиев.