Државната изборна комисија во врска со предметот за вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието Џафери во ЕЛЕМ, нагласи дека се уште го испитуваат случајот.

Претседателката Билјана Ивановска истакна дека кандидатката имала добри резултати но оти не ги знае останатите пријавени на конкурсот и оти затоа им е потребно дополнително време.

За предметот добивме информации од ЕЛЕМ но тие информации не ми се доволни бидејќи не гледам по кој критериум е таа избрана и каква е ранг листата со останатите кандидати-вели Ивановска.