Бизнисмените не се задоволни од мерките на Владата за справување со ковид-кризата, а народот смета дека Заев прикажал лоши резултати како премиер, покажува теренската анкета на ИСПОС, спроведена во декември 2021 година на примерок од 1023 испитаници.

Според резултатите, високи 64% сметаат дека Владата не се бори против корупцијата.

Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.

1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?

Лош резултат од работата 53%
Добар резултат од работата 29%

2. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?

Незадоволителна 64%
Задоволителна 29%

3. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:

Незадоволни 55%
Задоволни 37%.