43, 4 проценти од граѓаните ќе излезат на референдумот на 30 септември и ќе гласаат “ЗА”. 10, 9 проценти ќе гласаат “ПРОТИВ”, а 28,7 проценти од граѓаните нема да излезат на гласање. Ова го покажува последното истражување на Институтот за политички истраажувања ИПИС спроведено од 15 до 18 септември врз 1110 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. За разлика од идтраѓувањето направено во Август за 6 проценти пораснал бројот на оние кои нема да излезат на гласање. Минимално, односно за 0,2 проценти се зголемил бројот на оние кои ќе гласаат “ЗА”, а речиси 10 проценти опаднала бројката на оние кои ќе гласаат “ПРОТИВ”. Од ИПИС велат дека до одржувањето на референдумот се очекува натамошен пад на оние кои би гласале против со оглед на отсуство на кампања која би ги мотивирала да гласаат, но и одреден пораст кај оние кои би гласале ЗА, како и оние кои ќе се одлучат да бојкотираат.
Од споредбата помеѓу истражувањето спроведено во Август и најновото од септември се забележува дека нема значајни промени кај испитаниците кои ќе излезат на референдумот и ќе гласаат ЗА, додека има намалување кај оние кои се ПРОТИВ, за сметка на зголемувањето на оние кои НЕМА да гласаат/ќе БОЈКОТИРААТ. Зголемен е и бројот на неопределените. Овие трендови беа очекувани со оглед на тоа дека практично не постои кампања за референдумот која би повикувала на гласање против, додека најактивни се кампањите за гласање ЗА и кампањата БОЈКОТИРАМ (претежно на социјалните мрежи). Во моментот кога беше завршено истражувањето (18.09.2018), 54,3% од граѓаните изјавиле дека ќе гласаат на референдумот (43,4% за и 10,9% против), се вели во известувањето од ИПИС.
Од Институтот исто така истакнуваат дека процентите во анкетата се однесуваат на гласачите со место на живеење во Република Македонија, додека во избирачкиот список се опфатени и голем број на граѓани кои во моментов не живеат во РМ. Со оглед на дозволената маргинална грешка од +/-3% во анкетата, процентот на оние кои би излегле на референдумот заклучно со 18.09.2018 е во опсегот помеѓу 39% и 45% од граѓаните запишани во избирачкиот список.
Comments are closed for this post.