Скопскиот регион попладнево беше зафатен од пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од силниот ветер во центарот на градот, падна дрво кај паркот „Жена борец“ во близината на градската болница.
Од УХМР најавуваат значително подобрување на времето во текот на викедот за кога се очекува сончево време и температура која ќе има вредност над 25 степени целзиусови, особено в недела, кога на југоистокот ќе има услови да се измери првата „триесетка“ годинава.
Циклонот кој го зафати Балканот предизвика голема материјална штета во Загреб, а врнежите од дожд продолжуваат во Хрватска. Во делови на БиХ ситуацијата е критична поради поплавите, каде трае потрагата по шестгодишно дете кое паднало во надојден поток.
Comments are closed for this post.