Ја зедовме во предвид  оваа одлука. Останува на надлежните домашни институции во Cеверна Македонија да одлучуваат за толкувањето и спроведувањето на националните процедури.

Oва е одговорот на Европската унија на прашањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ за коментар дали го оправдуваат кршењето на уставот од претседателот на Собранието Џафери кој не дозволи референдум за договорот за добрососедство со Бугарија.

Прашавме и дали во ЕУ е дозволено претседател на парламентот да има улога на судија.

На тоа добивме одговор:

 Важно е сите политички сили, вклучително и опозицијата, да се фокусираат на конкретни чекори во преговарачкиот процес што ќе ги доближат граѓаните на Македонија до ЕУ иднината на нивната земја-вели портпаролката на ЕК Ана Писонеро.