Иван Савидис, милијардер од Русија со грчко потекло, сопственик на фудбалскиот клуб ПАОК од Солун, бил човек на Кремљ за чии интереси долги години работел во Грција, објавува „Њујорк тајмс“.
Савидис беше летоска во фокус на шпионски-дипломатски скандал кој заврши со протерување руски дипломати од Атина, на што потоа реципрочно возврати Москва. Савидис беше обвинет дека вмешал прсти во грчко-македонските разговори за името и оти поттикнувал протести со цел договорот за името да пропадне.
„Њујорк тајмс“ објавува дека сите тие информации ги имале американските шпионски агенции кои во еден момент решиле да му ги дадат на премиерот Алексис Ципрас.
Според Американците, тие пресретнале комуникации во јуни годинава со кои се потврдува дека Савидис работел за руските цели да се поткопа договорот меѓу Грција и Македонија, како и да се победи референдумот во за името.
Како одговор на тие активности, Американците решиле да почнат да играат агресивно – информациите му ги предале на левичарската влада на Ципрас, по што Грција одговори исто така остро со протерување руски дипломати.
„Возвративме и покажавме дека можеме да играме грубо. Можеме да правиме работи кои порано не ги правевме“, изјавил Кристофер Хил, поранешниот амабсадор на САД во Сопје.
Comments are closed for this post.