Амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук вели дека не биле информирани за комуникацијата на премиерот Зоран Заев со руските комичари кои се претставуваа како поранешниот претседател Петро Порошенко.

Јас сум во Република Северна Македонија, читам весници, и како и сите ги прочитав и видов овие аудио записи . Во овој случај мислам дека ќе биде коректно да се бара коментар од претседателот на Владата и од амбасадорот на Руската федерација. Ние како амбасада не знаевме – објаснува денеска амбасадорката.