Од нашите сознанија од дијаспората, голем број од тие што сакале да се регистрират денеска он лајн, се соочуват со проблеми при регистрацијата. Текничките проблеми, враќање неколку пати во почеток на постапката за регистрација, не прифаќање на матичниот број и ред други проблеми, освен што предизвикуваат голем револт кај албанската дијаспора, создаваат и сомневање за манипулација со пописот, се вели во соопштението на Алтернатива на Албанците.

Имајќи ја во предвид ова ситуација, ние како Алтернатива апелираме до Државниот завод за статистики и до Владата на Северна Македонија веднаш да се одстранат сите текнички пречки за он лајн регистрација и до тогаш да се пролонгира пописот. Ако и после ова владата не превземе ништо, можеме да заклучиме дека пописот е целосно политички манипулиран, велат од партијата