Видео снимки од бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски ќе бидат доставени до властите во Скопје, јавува порталот Балкан веб.
Според истиот извор, снимките се обезбедни од сигурносните камери на грачните премини во Албанија, во кои наводно е снимен и моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува македонско-албанската границата.
По веста за бегството на Груевски преку територијата на Албанија, преку соопштение Секторот за граница и миграција на албанската државна полиција, на 15 ноември потврди дека Груевски со автомобил во сопственост на амбасадата на Унгарија ја напуштил Албанија преку преминот „Хан Хоти-Муриќан”, на албанско-црногорската граница.
Сепак, тогаш немаше одговор каде Груевски ја минал македонско-албанската граница, освен шпекулациите дека тоа го направил преку Пустец или влегол нелегално пеш.
Comments are closed for this post.