Албанците се повеќе сакаат да ја напуштат земјата,а излезот го бараат во Европската Унија, говорат податоците на Евростат. Околу 560 000 граѓани на Албанија добиле дозвола за престој бо некоја замја од ЕУ, а голем дел од нив добиле и државјанство на тие земји. Најголем дел од нив тоа го сториле во 2008 година. Тогаш дозвола за престој добиле 100 000 албански државјани. Најголем дел од оние кои добиле дозвола за престој ја посакувале Италија, а потоа Грција. Босна и Херцеговина, Србија и Косово, се на второ, трето и четврто место на листата на балкански земји чии граѓани ја посакуваат ЕУ, а  потоа слчедуваат македонските граѓани.