Кога некој ќе почне да се заканува со суд на политички неистомисленици, јасно се покажува дефиницијата за диктатура, вели Николовски коментирајќи го рокот од три дена кој му го постави братот на премиерот, Вице Заев, откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека правена е коалиција со функционери на опозиција за да убедуваат пратениците да гласаат за уставни измени.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски за Алфа вели дека не му е на ниво да му се извини на Вице Заев за јасно искажаниот став.

Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлучува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија, прашува Николовски.

Вчера Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев преку 1ТВ, побара Николоски  да го докаже она што го кажа за коалицијата Мијалков и браќата Заеви, а доказите да ги поднесе до јавното обвинителство.

Ако тоа не го стори тоа во рок од три дена, ќе сметаме дека докази нема и дека сето тоа е измислица, па според тоа ќе поднесам тужба за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета, рече Вице Заев.