Јавен повик за субвенции

Ако во овие две недели купите електричен тротинет, град Скопје ќе ви го плати пола

29.10.2018 / 20:00


Град Скопје распиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети за 2018 година.

Јавниот повик ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик (29.10.2018 година, понеделник), а заклучно со 10.12.2018 година.

Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Град Скопје треба да  достави:

– Барање за надоместок

(истото може да се подигне од архивата на Град Скопје во барака 16)

– доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,

– фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

– доказ дека е извршено купување на електричен тротинет, и тоа оригинал фискална сметка  или фактура со извод од деловна банка т.е доказ за платена фактура во целост(оригинал на увид), со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик,

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден електричен тротинет.

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на електричен тротинет, заедно со потребната документација, граѓаните ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул.Илинден бр.82, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 10.12.2018 година. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

За оваа намена Градот Скопје предвиде 1.090.000 денари.

Целиот јавен повик може да го видите на следната интернет врска :

www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни Повици/Jавен повик за електрични тротинети.pdf

Оваа е една од бројните мерки кои Градот Скопје ги превзема во насока на промоцијата на мобилностa и алтернативните начини на превоз. Годинава беа доделени 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди, додека средствата за набавка на електрични тротинети се обезбедени со пренамена на средствата за набавка на адаптирани велосипеди за лица со посебни потреби, каде граѓаните покажаа мал интерес.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Николоски прашува: Која е улогата на Груби во криминалот во Лотарија и доделувањето на трите лиценци за онлајн игри на среќа?

пред 12 часа
Македонија

Меџити: Единствена цел на ДУИ е да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во нивните редови

пред 12 часа
Македонија

Мицкоски: Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд

пред 12 часа
Македонија

Mицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи

пред 13 часа
Македонија

Палчо за Лога вели дека „суши лаже“ за неговата екстрадиција

пред 2 дена
Македонија

Спасовски: Заев никогаш не изјавил дека осудените за Смилковско езеро се невини

пред 2 дена
Македонија

Oсмани никако да се помири дека ДУИ ќе оди во опозиција

пред 2 дена
Македонија

И тоа што имавме го дадовме на Украина: Македонија нема ниту еден борбен авион (ФОТО)

пред 2 дена
Македонија

НЕ од СДСМ за барањата на Максим Димитриевски

пред 3 дена
Македонија

Власта не може да разбере дека не е проблем во Преговарачката рамка туку во уставните измени

пред 3 дена