На прашањето ако утре се одржат парламентарните избори (за избор на влада) за која партија би гласале, од граѓаните кои гласале за некоја од партиите, во меѓусебната пресметка за 27,72 отсто повеќе граѓани би гласале за ВМРО-ДПМНЕ отколку за СДСМ. Анкетата на агенцијата Маркет вижн спроведена за потребите на МКД.мк покажа огромен процент на граѓани кои одбиваат да одговорат на телефонска анкета, што експертите го толкуваат како страв.
Оваа разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на целокупниот примерок од анкетираните граѓани (1.200) изнесува 2,4 % (анкетата во јули разликата беше 1,5%). Огромен е процентот на граѓани кои на прашањето за која партија би гласале ако утре се одржат парламентарни избори одговориле со „не знам“ (31,1%), „нема да гласам/бојкотирам“ (22,5%) и „не сакам да откријам/кажам“ (19,4%).
Од партиите на Албанците од Македонија води ДУИ со 2,6 %, Алијанса за Албанците со 1,8 отсто, Беса со 0,3 %… Истражувањето покажа дека 0,3 отсто од гласачите би гласале за партијата Левица, 0,3 отсто за Турската партија, 0,2% за ДПА, 0,2% за ВМРО-НП, за ГРОМ 0,1%, за Глас за Македонија 0,1%…
Comments are closed for this post.