Собранието денеска ја почна расправата по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, која е 14 точка од 29-тата седница. Предлог-законот го образложи заменик министерот за правда Агим Нухиу, кој рече дека со законското решение е предвидено пописот да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата.
– Лицата кои работат надвор од државата, попишувањето ќе го извршат сами, со посебна апликација, која ќе биде инсталирана на интернет-страницата на Државниот завод за статистика, од 1 март до 21 април 2021 година, појасни заменик-министерот Нухиу.
Тој посочи дека со законот се предвидени 50 региони за попис и секој од нив ќе има посебна комисија. Во целиот процес ќе се почитува правичната застапеност во комисиите, како и при изборот на попишувачите.
– Во четвртото поглавје од законот, е предвидено дека актите кои ги донесува директорот на Заводот за статистика ќе имаат правен ефект ако нив ги прифати и неговиот заменик. Така, не може да има измама на етничка основа, истакна Нухиу.
Comments are closed for this post.