Двотретинско мнозинство се уште не е обезбедено, вели премиерот Зоран Заев. Дали има или нема ќе се знае во моментот на гласањето, потенцира тој.

Одговорноста на крајот е на пратениците и верувам дека ќе најдат сили да се соберат две третини односно 80 пратеници за да се изгласаат амандаманите бидејќи потоа следува и гласањето во грчкиот Парламент, вели Заев и изрази уверување дека „ако бидеме креативни ќе изнајдеме решение“.

Тој рече дека ако не се обезбеди двотретинско мнозинство  е подготвен да го преземе својот дел од одговорноста.

Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнзоинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме се на оваа карта. Во политиката, како што се земаат ловорики, така се понесува и одговорност. Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе не има 80 или ќе следува одговорност, вели премиерот Заев, и при тоа подвлекува дека сепак верува и очекува да биде обезбедено потребното мнозинство.