Јас воопшто немам отстапено од мојот став и сѐ уште сметам дека не е добро таму да се гради. Од првиот ден се обидуваме да го заштитиме тој плац од градење и да најдеме решение во интерес на граѓаните, вели градоначалникот на општина Аеродром , Златко Марин.
Во кампањата, но и пред тоа, бев првиот кој апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ планира да донесе ваков штетен ДУП и организиравме протести. Во таа фаза спречувањето на оваа градба ќе беше многу полесно и јас лично тоа го иницирав. Потоа насилно се донесе ДУП и во кампањата ветив дека ако победиме, ќе се борам со сите правно достапни механизми да го спречиме градењето. Токму тоа го правиме. Уште веднаш ги доставивме сите потребни документи до Уставниот суд, каде што се поднесени 13 претставки за ДУП И10. Единствено оваа институција може да го поништи ДУП и ја очекуваме нивната одлука. Правиме темелни анализи на можностите за наоѓање решение како да се спречи градењето. Како што веќе неколку пати изјавив, бараме решение во две насоки, едната е наоѓање заменска парцела, а другата е преку обесштетување. Секоја од можностите детално се разгледува и анализира-вели Марин за МИА.
Според неговите пресметки , доколку се оди во насока на обесштетување, инвеститорот би можел да побара сума и двојно поголема од првичните 5,5 милиони евра.
За илустрација, Општина Аеродром во моментов има на располагање околу четири милиони и 800.000 евра, а нашиот основен буџет за цела 2018 година изнесува околу девет милиони евра-додава Марин.
Comments are closed for this post.