По излагањето на францускиот претседател  Емануел Макрон и по говорот на претседателот на Европскиот совет Жан Мишел во Словенија станува јасно во кој правец ќе се движи членството на регионот во Унијата.

Најважното е дека на членство во 2030 година можеме да заборавиме и дека тоа беше само една убава бонбона која ја проголтаа политичарите од регионот а која им ја потурија европските челници.Не умри магаре до зелена трева.

Макрон е барем искрен и вели дека  „ЕУ можеби треба да еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан“.

Ако збoровите од човекот кој ни го потури бугарскиот предлог како француски не бидат отрезнувачки за власта на која само ЕУ и е во устата што може да биде повеќе.

Преведено од дипломатски во народен речник тоа значи ова. ЕУ прво внатре ќе се реформира па ќе размислува за проширување. Македонија, Црна Гора, Србија, а сега и Украина и Молдавија најмногу што може да добијат едно столче и еден глас. Без право на вето се разбира. Значи ќе има е ЕУ за богати и ЕУ за сиронашни односно втора лига запад.

Кога-тоа само господ знае и оние во Брисел.