Опструкциите од страна на Бугарија ќе бидат штетни и обесхрабрувачки за многу генерации овде, но грешката ќе биде видлива и во самата Бугарија, вели академик Луан Старова и нагласува дека е понастрана од политичките збиднувања, но дека не е имун кога во прашање се доведува идентитетот на Македонија.

Бугарија не би требало да и прави опструкции на Македонија, која има свои аргументи и се развива врз свои императиви. Географски тоа е нашата најблиска земја и ако не попречува кон ЕУ, тоа ќе биде штетен и обесхрабрувачки чин за многу генерации во Македонија, но и во самата Бугарија, грешката ќе биде видлива после извесен период, со ваква интонација се обрати академик Луан Старова, еден од живите литарерани магови на Балканот, во подолгото интервју за Телевизија Европа, кај водителот Георги Коритаров.

Тој додаде дека се работи за еден неразбирлив и неприфатлив спор. Македонија помина една значајна етапа, постигна една стабилна основа како членка на НАТО, каде што од порано е и Бугарија. Македонија направи големи напори за да се приклучи на европските токови. И сега, наместо да започнеме една нова етапа од заеднички вредности, да се свртиме кон нештата кои не обединуваат, ние ќе се закопаме во минатото.

Тој појаснува дека е понастрана од политичките збиднувања, но не може да остане имун.

Македонија, наследувајќи доста позитивни апекти од поранешната заедничка држава, го зацврсти својот идентитет.Особено во културата и литературата.На површина излегоа силни личности, многу млади беа и надвор. На мегународен план, Македонија беше една од првите земји, по распадот на Југославија, на која, Комисијата на Бадинтер и го одреди правото да биде призната како нова држава, порача Старова.

Наместо ирационалност, академик Старова препорачува да се надмине што побрзо дефицитот на размената на културни добра и, во една благопријатна атмосфера, да започне нова ера на взаемно разбирање и почитување, инфраструктурно и институционално поврзување, за што, како приме,р ги посочи заедничките проекти и искрената сорабоптка помегу МАНУ и БАН, од пред неколку години. Потоа соработката со блескавите бугарски автори, како Антон Дончев и слично.

Повод за разговор беше романот на Старова, во Бугарија преведен од македонски јазик, како “Посланикът на държавата, която няма да съществува”, со мотиви од последните години на Титова Југославија, но, како што вели авторот “со нишки кои водат до современите настани на Балканот, како страдално подрачје”, во кое, тој, како автор, “пишува со перото и животот”.

Академик Старова не пропушти да нагласи дека му е мило што интервјуто го дава за една “позната и толерантна емисија” (“Слободна зона” на ТВ Европа, кај Георги Коритаров) по кој пример треба да тргнaт и останатите медиуми од двете земји.