Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети преку социјалните мрежи упати апел до граѓаните за масовна вакцинација и во исто време изрази сочувство до
семејствата на починатите од Ковид-19.
Ахмети пишува дека тој и неговото семејство се вакцинирани од месец мај.
Тој додаде и дека веќе секој ден добиваме кобни вести и тоа од неговиот најблизок круг. Ахмети информира дека во последните 24 часа, од Ковид-19 починал братот на неговиот пријател
Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка, како и братот на неговиот пријател Невзат Бејта.
Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус Ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани.
Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа, братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат исто така.
Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и апелирам за масовна вакцинација и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена.
Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се! – напиша Ахмети.
Comments are closed for this post.